На друштвата Силекс АД Кратово и Пелистерка АД Скопје, котирани на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје,им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради поради необјавување на целосни материјали за собранието на акционери во рок од два дена од свикувањето на седницата на собранието на акционери, со што не постапиле согласно член 39, став 5 од Правилата за котација.
Јавна опомена за 2 котирани друштвa
понеделник, 14 јули 2025